Македонија 02. декември 2018. / 11:57

Продолжи расправата за уставните измени

Продолжи расправата за уставните измени

Собранието денеска во 11 часот ја продолжи расправата за нацрт амандманите, во рамки на втората фаза од уставните измени.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го изнесоа ставот дека со промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија ќе има нова држава и нов идентитет. Тие наведоа дека со промена на името и на Уставот ќе следи тотално редефинирање на државата.