Македонија 20. септември 2019. / 12:26

Продавачка од Пјер Карден дала исказ за шопингот на Боки 13

Продавачка од Пјер Карден дала исказ за шопингот на Боки 13

Утрово во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција исказ дала и продавачка од луксузната продавница на Пјер Гарден, а за потребите на истрагата за „Рекет“, дознава Фокус.

Сомневањата на обвинителството се дека осомничениот Бојан Јовановски таму купувал облека, но и мебел, од францускиот моден бренд.

Во моментот за „Рекет“ сведочи Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а подоцна треба да дојде и бизнисменот Зоран Азманов.