Македонија 11. јуни 2018. / 10:48

Привршува реконструкцијата на патот Кочани-Делчево

Привршува реконструкцијата на патот Кочани-Делчево

Реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево треба да завреши овој месец.

Патот е долг 30 километри, а за неговата рехабилитација се планирани шест милиони евра.

Носител на проектот, што се реализира со средства од Светска банка, се Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе изврши увид во работите на патниот правец.

Според најавеното, за време на работната посета на општина Кочани, министерот Сугарески ќе има средба и со градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев.