Разузнавачот Тоше Кошиновски, по налог на скопскиот Кривичен суд, а заради доиздржување на затворска казна, денеска бил приведен од полицијата и тој во моментов е во полициска станица.
Според информациите до кои дојде телевизија 24 Вести, Кошиновски бил уапсен во кафуле, во скопската населба Ново Лисиче, во моментите додека седел со свој пријател.
Имено, на апсењето му претходела случајна средба на Кошиновски со неговиот пријател кого го оставил на кратко, бидејќи заминал до некоја од околните обложувалници. Кратко време по неговото враќање, Кошиновски бил уапсен од петмина полицајци.
Разузнавачот Тоше Кошиновски, за кривично дело шпионажа, е правосилно осуден, на затворска казна во траење од три години. Тој има издржано две третини од затврската казна, но за него, по налог на Кривичниот суд, била активирана потерница.