Од партијата Единствена Македонија соопштуваат дека нивниот претседател Јанко Бачев е приведен.
Бачев бил приведен додека одел во партискиот штаб на партијата.
Во моментов претседателот Бачев е приведен од страна на полицијата за време на одење во партискиот штаб на Единствена Македонија пред одржувањето на редовниот состанок на Македонија#блокира. Не знаеме во која полициска станица е одведен-стои на Фејсбук страницата на партијата.