Македонија 21. октомври 2018. / 12:05

Приведен Албанец на Табановце, го прелепувал пасошот за да прикрие забрана за влез во ЕУ

Приведен Албанец на Табановце, го прелепувал пасошот за да прикрие забрана за влез во ЕУ

На граничниот премин Табановце во петокот бил приведен еден Албански државјанин, бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека на неговата патна исправа била прелепувана дел на страница од друга патна исправа, со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на Европската Унија, соопшти полицијата.

22-годишниот Ј.П. од Албанија бил приведен на Табановце во обид да излезе од Македонија.

Лицето е приведено и заедно со патната исправа било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка, наведуваат од полицијата.