Приватните здравствени установи ќе се вклучат во делот на лекување на пациенти со Ковид-19.
Во Уредбата со законска сила се предвидува дека приватните болници ќе се може да го спроведуваат целокупниот процес, односно од дијагностицирање, преку третман и лекување до нега и рехабилитација.
Владата на Република Македонија на 69. седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус Ковид-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот „Sars-Cov-2“ вирус за заразната болест Ковид-19 – се наведува во соопштението на Владината прес-служба.