Македонија 22. јуни 2020. / 19:15

Пристигна јапонска донација на лекот „Авиган“, добиени се дози за лекување на 100 пациенти

Пристигна јапонска донација на лекот „Авиган“, добиени се дози за лекување на 100 пациенти

Преку Јапонската амбасада во земјава, Македонија го доби лекот „Авиган“ со кој се лекува инфлуенца, но дава добри резултати и при лекување на Ковид-19.

Добивме количини за лекување на 100 пациенти. Тој има добри резултати во Јапонија, но не е регистриран за Ковид-19 – соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Заслужна за пристигнувањето на овој лек во Македонија е јапонската амбасада во Скопједел, која се ангажирала да издејствува дел од донацијата на Јапонија наменета за повеќе земји да заврши во земјава.