Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
На Комисијата за европски прашања амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ ќе ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Хрватското претседателството со Советот на ЕУ, во периодот јануари-јуни 2020 година.
На дневен ред на Комисијата за одбрана се измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и измените на Законот за јавните собири, двата во второ читање.
Предлог-закон за урбанистичко планирање, во второ читање ќе го разгледува Комисијата за транспорт, врски и екологија.