Македонија 07. јули 2020. / 13:24

Пријавување до утре: Упатство за пријавување и гласање на заразените и на лицата во самоизолација

Пријавување до утре: Упатство за пријавување и гласање на заразените и на лицата во самоизолација

Лицата кои се наоѓаат во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 или на кои им е одредена изолација со издадено решение, ќе може да го искористат правото на глас на претстојните предвремени парламентарни избори на 13 јули.

За да бидат  во можност да го сторат тоа треба да достават известување дека сакаат да гласаат до општинската изборна комисија во местото каде што постојано живеат.

Ваквото известување се доставува преку полномошник или по електронски пат. Во прилог на ова известување лицето задолжително треба да достави копија од решението за карантин или самоизолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат најдоцна до 8 јули 2020 година до 24 часот.

Известувањата кои нема да ги исполнуваат условите кои се наведени нема да бидат прифатени од Општинската изборна комисија.

Избирачките одбори кои ќе го спроведуваат овој дел од гласањето на избори ќе бидат составени од тројца здравствени работници, пти што политичките партии имаат право да именуваат члн во посебниот избирачки одбор.

Лицата позитивни на Ковид-19 во каранти и лицата во самоизолација гласањето го вршат во својот дом според местото на живеење.

Што се однесува до посебниот избирачки одбор, тој при ваквите гласања треба да користи посебна гласачка кутија, а со себе да носи:

– Гласачки ливчиња колку што има пријавени гласачи од избирачките места

– Изводи од ИС во зависност од колку избирачките места има пријавени гласачи

– Шаблон – Браева азбука

– Граничник за потпис или отпечаток

– УВ спреј и УВ ламба

– Плик за секој гласачко ливче

– Список на пријавени лциа сортирани по избирачко место

– Перниче со мастило

– Заштитна опрема

Детално целото УПАТСТВО може да го прочитате ТУКА.