Македонија,Магазин 13. мај 2020. / 11:17

При користење јавен превоз почитувајте неколку препораки за да го намалите ризикот од зараза

При користење јавен превоз почитувајте неколку препораки за да го намалите ризикот од зараза

Со оглед на тоа што при користењето на јавниот превоз лесно се доаѓа во контакт со други, непознати луѓе или се допираат површини што и тие ги допреле, препорачливо е да се почитуваат одредени правила.

Редовно треба да се мијат или дезинфицираат рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња).

Покривајте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете.

Секогаш кога сте во можност, наместо јавен превоз користете велосипед или пешачете.