Во насока на зголемување на искористеноста на капацитетите во секторите туризам и угостителство, денес Сојуз на стопански комори на Македонија организираше презентација за дигитален маркетинг во туризмот и практична обука за користење на новата дигитална платформа „Македонски туристички водич“, како дел од активностите на потпроектот „Промоција на информатички технологии за развој на туризмот“, финансиран во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).
– Во изминатиот период континуирано со членовите на Сојузот се согледуваа предизвиците со кои се соочени во време на криза, со цел изнаоѓање на соодветни мерки за поддршка и ублажување на нејзините ефекти врз стопанството. Потребата од дигитализација се покажа за неопходна при адаптација на новите услови, со сите пропратни алатки и можности во секојдневното работење на компаниите. Организиравме презентација за поддршка и зголемување на искористеноста капацитетите во секторите туризам и угостителство, со цел да се зголеми искористеноста на дигиталната платформа „Македонски туристички водич“. Искрено се надевам дека оваа платформа ќе биде најпрепознатлива платформа за сите релевантни податоци за туризмот од нашата држава, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителска комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија.