Македонија 20. септември 2019. / 10:16

Претседателот на Меѓународниот сојуз на Боки 13 на распит кај Рускоска

Претседателот на Меѓународниот сојуз на Боки 13 на распит кај Рускоска

Агапи Дика, пред малку пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што е повикана на распит за случајот „Рекет, пишува Фокус.

Таа е претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а наводно и потписник на одредена документација.

Вчера во обвинителството на распит била и Јованка Кухар, финансиски раководител и координатор во Меѓународниот сојуз.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.