Македонија 17. јули 2018. / 09:57

Претседателот Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот Иванов во официјална посета на Молдавија
Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија.

Иванов во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Молдавија, Игор Додон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.

Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со премиерот на Молдавија, Павел Филип и со претседателот на парламентот на Молдавија, Андриан Канду.