Македонија 18. септември 2018. / 18:29

Претседателот Иванов ги демантираше лажните вести на провладините медиуми

Претседателот Иванов ги демантираше лажните вести на провладините медиуми

Претседателот Иванов ги демантираше шпекулациите на Дојче Веле, Либертас.мк и други провладини медиуми кои вчера “забележаа” промена во ставот на шефот на државата за Преспанскиот договор по средбата со државниот секретар за одбрана на САД, Џејмс Матис.

Средбата со шефот на Пентагон не го промени ставот на шефот на државата Ѓорге Иванов, потврдиле за Плусинфо од Кабинетот на претседателот.

Според порталот дилемата дека можеби Иванов омекнал во позициите за Договорот од Преспа во јавноста се отворила откако шефот на државата во соопштението по средбата со првиот човек на Пентагон ниту збор не кажал за Договорот.

Медиумите блиски до владата претходно објавија дека Иванов при средбите со странски претставници освен заложбите Македонија да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ, неизоставно ја потенцираше својата позиција дека Договорот за името е неприфатлив.

Од Кабинетот на претседателот за плусинфо.мк биле информирани дека ставот на Иванов во однос на договорот не е променет.

,,Ставот на претседателот Иванов е дека стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата, но и дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат. Овој став претседателот Иванов го изнесе и на вчерашната средба со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис”, изјавиле од Кабинетот на претседателот за порталит.

Целата шпекулација на провладините медиуми од вчера