Поради бавноста на институциите резултатите од работата на Антикорупциската комисија се гледаат дури по неколку месеци, оценува Транспарентност Македонија. Оттаму велат дека поради тоа се троши многу време и ресурси. Посочуваат дека условите во кои работи Комисијата се лоши, просторот кој го користат е мал и нема пристап за лица со посебни потреби, пренесува Сител.
Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска вели дека сите треба да се задоволни од работата на Комисијата со оглед на разврската на дел од случаите кои ги покрена.
Го посочи случајот со премиерот Зоран Заев кога тој беше в.д. министер за финансии.
И таа се пожали за условите во кои работат. Вели дека токму бавното реагирање на јнституциите по ова прашање ја покажува тромоста на системот.