Македонија 13. декември 2020. / 09:45

Претежно облачно и температури од 9 до 14 степени – какво ќе биде времето денеска во Македонија?

Претежно облачно и температури од 9 до 14 степени – какво ќе биде времето денеска во Македонија?

Времето во земјава ќе биде претежно облачно, со повремени сончеви периоди во источните делови. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег. Попладне, долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде.

Дневната температура ќе се движи од 9 до 14 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно облачно, а попладне се очекува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во текот на ноќта времето беше облачно, со слаб локален дожд во јужните делови.

Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово во Прилеп, Струмица и Дебар наврнаа еден литар на метар квадратен виден талог, а во Битола, Охрид, Претор, Берово и Крива Паланка под еден литар на метар квадратен.

Минималните температури утрово се движеа од 1 во Лазарополе и Крушево, 2 во Берово и Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, 4 во Претор и Дебар, 5 во Охрид, Прилеп, Куманово и Струмица, 6 во Скопје, Битола, Тетово и Штип, 7 во Демир Капија, до 8 во Гевгелија и Дојран.

Утре ќе преовладува облачно време, студено и ветровито со засилен северен ветер. Потоа следува период на стабилно време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за магла по котлините.