До Собранието ќе биде доставен предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој се укинува плаќањето по учинок на здравствените работници, соопшти владината прес-служба по денешната редовна седница на Владата.
– Во предлог-законот, меѓу другото, се укинува принципот по плаќање по учинок на здравствените работници и основната плата и делот за успешност ќе се утврдува согласно колективниот договор, како создавање на услови за обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи – се вели во образложението на Владата.