Македонија 20. јануари 2021. / 20:49

Пренџов: Власта не се помрдна да бара вакцина

Пренџов: Власта не се помрдна да бара вакцина

Јас да бев премиер или министер , немаше да се свртам во земјава, туку ќе барав вакцини, изјави Љупчо Пренџов во емисијата Филибастер на Радио Лидер

„Тие се научени да бидат црвена буржоазија, не се помрднаа да бараат вакцина . Нив им е поважен бизнис со рудници, да се возат со четирициклите, но народот може да го лажеш некое време, а не цело време. Ние треба да видиме зошто толку многу луѓе ни починаа. Во Хрватска имаше дебата кога почина лице од 30 години, за нив тоа беше шокантно . Кај нас се гледа само како бројка, ама кај нас ненормалното стана нормално, изјави Пренџов.