Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, за време на својата прва официјална посета на Скопје потврди дека Малта политички и технички ја поддржува земјата на патот кон членството во ЕУ. Ветувајќи безусловна помош за време на процесот на верификација, Мускат рече дека ги следи уставните измени во Собранието за спроведување на Преспанскиот договор. Беше најавено и отворање на конзуларно претставништво на Скопје во Ла Валета.
Сакам да ви честитам за тоа како се справувате со овој процес и прашањето за промена на Уставот, што го следиме со восхит. Ова не е лесно, ќе беше полесно да играте на играта статус-кво, но вие избравте да одите по потешкиот начин. Верувам дека граѓаните ќе ги ценат вашите одлуки бидејќи тие се прават со цел да се постигне подобар стандард за граѓаните, рече премиерот Мускат.