Македонија 04. февруари 2020. / 09:19

Премиерот и министерот во увид на канализација во Визбегово

Премиерот и министерот во увид на канализација во Визбегово

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, ќе изврши увид во градежните работи на дел од канализациска мрежа во индустриската зона „Визбегово“, во Општина Бутел во Скопје.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, при посетата на индустриската зона Спасовски ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и од градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски.