Македонија 21. јули 2020. / 12:34

Прекинато судењето за „Меѓународен сојуз“, му се слоши на таткото на Боки

Прекинато судењето за „Меѓународен сојуз“, му се слоши на таткото на Боки

Судењето за Меѓународниот сојуз, познато како Рекет 2 беше прекинато  30 минути поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, објави ТВ 21

Набрзо дојде и брзата помош која интервенираше, а  не е познато дали судењето ќе продолжи.

Претходно таткото на Боки 13 и се нафрли на Обвинителката Рускоска. Откако судијката Ефремова-Гаврилова го праша дали разбира зошто е обвинет тој се обрати кон Рускоска.

Не го разбирам обвинението и не знам зошто сум обвинет. На 63 години ме правите криминалец. Не дозволувам да кажете дека од 91-ва година сум невработен, се изјасни Јовановски.