Предметот историја не се укинува. Новиот концепт ја дава рамката според која се планира основното образование и документот не брише содржини од наставните предмети, ниту, пак, предвидува менување на содржините од предметот историја, рече владиниот портпарол Душко Арсовски.
– Наставниот предмет историја останува задолжителен од интегрираната наставна програма по општествени науки и интегрираното изучување на историјата и географијата, рече Арсовски, е карактеристично за најголемиот дел земји од развиениот свет и развиените образовни системи. Се предвидува интегрирање содржини од повеќе предмети. Концептот е само рамка којашто првично покажува како ќе изгледа реформата, додаде владиниот портпарол, а наставните програми ќе се прават откако ќе се донесе рамката. Ова е процес во кој се вклучуваат сите чинители, додаде портпаролот на Владата.