Македонија 30. јули 2018. / 11:56

Предлогот за референдум е подготвен, се чека одлука на ВМРО-ДПМНЕ

Предлогот за референдум е подготвен, се чека одлука на ВМРО-ДПМНЕ

Предлог-одлуката за распишување референдум е подготвена и потпишана од парламентарното мнозинство.

Претставници на партиите се на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, без опозициската ВМРО-ДПМНЕ чии пратеници имаат посебна координација во Собранието.

Во предлогот за референдум е наведено дека истиот ќе се одржи на 30 септември. Референдумското прашање би требало да гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција?“

Седницата за распишување на референдумот се очекува да биде попладне.