Македонија 11. ноември 2019. / 20:10

Предлог-буџетот за 2020 година утре на владина седница

Предлог-буџетот за 2020 година утре на владина седница

Утре Владата во рамки на редовната 164 седница ќе ги утврди Предлог-буџетот за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

На дневен ред на седницата, соопшти владината прес-служба, се повеќе точки од програмата за работа и од интерес за граѓаните.

На предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година, а на предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.

Министерството за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.

Седницата на Владата е предвидено да започне во 9 часот.