Пред влезот на Клиниката за детски болести во Скопје, се продава сирење.
Случајни минувачи ни испратија фотографија, на која се гледа како медицинскиот персонал пробува сирење од комбе, пред самиот влез во клиниката.
Ова е срамно, имајќи предвид дека станува збор за објект каде се лечат нашите дечиња. Знак прашалник е колку е хигиенски да се продава храна од комбе пред клиниката. Според минувачите, никој од обезбедувањето не интервенирал и не го спречил овој „пазар”.