Македонија 03. декември 2020. / 12:13

Пред да стигнат вакцините – кој нема да може да се вакцинира

Пред да стигнат вакцините – кој нема да може да се вакцинира

Вакцината против Ковид 19, ќе можат да ја примат сите граѓани и ризични групи на пациенти кои во моментот се во добра општа здравствена состојба, но големо внимание ќе мора да се обрне кај оние граѓани кои го прележале вирусот, а кои се уште се во фаза на оздравување или имаат последици од него.

Според информациите на „Слободен печат“ од членови на Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација, препораката е најмалку еден месец по прележувањето грип или ковид, лицата да се вакцинираат со вакцината против ковид и тоа исклучиво ако се здрави. Активните случаи не примаат ниту една вакцина, вклучително не и ковид вакцината затоа што имаат акутна инфекција.

Претседателката на Комитетот за имунизација, професор доктор Александра Грозданова за „Слободен печат“ вели дека како и за секоја друга вакцина, така и онаа што ќе дојде во земјава против Ковид 19, ќе мора граѓаните да ја примат доколку се во општа добра здравствена состојба. Иста е ситуацијата и со вакцинацијата за грип.

Сега имавме прашање на Комисија, што се случува со пациентите кои прележале ковид, дали да примат вакцина за грип. Одговорот е да, секако, но најрано месец дена по прележувањето и ако се во општа добра здравствена состојба. Не сите пациенти со прележан ковид се во иста состојба. Некој го поминал вирусот ,,на нога” за три дена и не ни знаел дека го има, а некој четири месеци подоцна е со сериозни здравствени последици. Не може да се даде општа препорака, туку тоа зависи од случај до случај, вели Грозданова.

Целата вест прочитајте ја на Слободен печат.