Календарот на скринин процесот е утврден, а за тоа извести кон крајот на минатиот месец вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е назначен и за политички преговарач.
Состојбата во правосудството, реформите во оваа сфера, законите, колку во земјава има владеење на правото, транспаретни и ефикасни судови, непристрасни судии и јавни обвинители, департизација и правосудни органи во служба на граѓаните, кои треба целосно да ги уживаат своите човекови права ќе бидат во фокусот на почетокот на скрининг процесот за подготовка на земјата за пристапни преговори со ЕУ.
Поглавјето 23, кое се однесува на правосудството и основите права ќе биде првото кое ќе биде ставенo по лупата на ЕУ, а како што е најавено, тоа ќе се случи во септември.
Календарот на скринин процесот е утврден, а за тоа извести кон крајот на минатиот месец вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е назначен и за политички преговарач.
Договорен е прелиминарен календар за скенирање на поглавјата, а Владата веќе ја усвои и преговарачката структура за пристапување на РМ во ЕУ.
– Имаме целосен календар како тоа ќе се случува се до јуни 2019 година. Меѓутоа, паралелно ние работиме на воспоставување на структурата и подготовка на државата за овој важен процес- рече Османи кон крајот на минатиот месец. По поглавјето 23, почнува скринингот на поглавјето 24, па следат 5, 30…
Политиките на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права имаат цел да ја одржат и понатаму да ја развиваат Унијата како простор на слобода, безбедност и правда.
ЕК на својот сајт каде ги појаснува поглавјата, во делот за Поглавјето 23 нагласува дека воспоставување на независно и ефикасно судство е од суштинско значење за секоја земја која сака да стане дел од ЕУ. Непристрасноста, интегеритетот и високите стандарди на правосудните работници се суштина за вистинско владеење на правото.
Сето ова, нагласува ЕК, бара цврста заложба дека ќе се елиминираат надворешните влијание врз судството и ќе се обезбедат соодветни финансиски извори и обуки за вработените во овој сектор.
Унијата бара законски гаранции за одржување фер судски процеси. Земјите-членки мора подеднакво да се борат против корупцијата, бидејќи таа претставува закана за стабилноста на демократските инстититуции и владеењето на правото.
– Цврсти законски рамки и безбедни институции се потребни за воспоставување на една кохеретна политика за превенција и спречување на корупцијата. Земјите-членки мораат да обезбедат почитување на основите човекови и граѓански права- нагласува Комисијата.
Владата интензивно се подготвува за скринингот, а паралелно се одвиваат и процесите на имплементација на Договорот од Преспа и одржувањето на претстојниот референдум.
Премиерот Зоран Заев верува во македонското правосудство многу повеќе, отколку во минатото, но не целосно.
Во интервјуто кое во петокот го даде за 1ТВ напомена дека земјата треба да дојде до нивото кога законите еднакво ќе важат за сите и истакна дека реформите во оваа сфера се на самиот почеток.
– Јас сум тој, кој буквално од внатре го отвори судството, додека бев шеф на опозицијата, му пркосев. Тогаш се покажа дека судството е политичко-партиски контролирано. Денес се повеќе верувам во правосудството, но не можам да кажам дека целосно, докрај верувам. Реформите се на самиот почеток. Прва фаза во делот на законодавството е помината, следуваат втора и трета фаза- нагласи Заев.