Македонија 16. јули 2020. / 14:16

Правобранителот добил 60 јавувања за повреда на избирачкото право

Правобранителот добил 60 јавувања за повреда на избирачкото право

На денот на изборите на бесплатната телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право, регистрирани се вкупно 60 јавувања, вели во изјава за МИА Зоран Билбилоски државен советник во Канцеларијата на народниот правобранител.

Kако што посочи тој, nаголемиот дел, односно 50 јавувања, биле за оневозможување на избирачкото право – лицата не биле запишани во Избирачкиот список.

Од Народниот правобранител утврдено е дека сите овие лица на денот на гласањето имаат важечки лични карти/пасоши, но бидејќи истите ги подигнале по завршувањето на јавниот увид во Избирачкиот список од ДИК согласно одредбите од член 43, став 6 од Изборниот законик и соодветната уредба на Владата, не биле запишани во избирачкиот список по службена должност – посочува Билбиловски.

Тој додава дека останатите јавувања се однесувале за оневозможување на остварување на избирачкото право на: лица сметени во старски дом, на лица со оштетен вид, на лица од категоријата болни и немоќни, за неправилност во работењето на изборните органи (избирачки одбори), за неинформираност за промена на просториите за гласање и за несоодветност на условите во кои се гласа.

Регитрирани беа јавувања и за недозволено вршење агитирање од претставници на политички партии, како и за поткуп на гласачи – вели Билбилоски.