Македонија 31. јули 2018. / 12:31

Пратениците од утре заминуваат на одмор

Пратениците од утре заминуваат на одмор

Пратениците од утре до 20 август ќе бидат на годишен одмор, информираше денеска претседателот на парламентот, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите.

Кампањата за референдумот закажан на 30 септември, според законските рокови, ќе почне на 10 септември, што значи дека по враќање од одмор, Собранието ќе работи до 7 или 8 септември.

Додека трае одморот на пратениците, Собранието нема никакви обврски, освен за итни случаи, ако има потреба.