Ниту еден од осумтемина пратеници од новата пратеничка група не се присутни на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за отпочнување на процесот за уставни промени во петокот поднесоа официјално барање до собранискиот спикер Талат Џафери за формирање нова пратеничка група Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Џафери ги информирал сите пратеници за новата пратеничка група, а таа треба да почне со работа од наредниот понеделник, брифираа од Кабинетот на Џафери пред неколку дена. Истиот тој ден координаторката на новата пратеничка група Елизабета Канеска-Милевска оствари и средба со собранискиот спикер.