Македонија 10. мај 2019. / 13:50

Пратениците на БЕСА во Собранието преминаа во Алтернатива

Пратениците на БЕСА во Собранието преминаа во Алтернатива

Пратениците на Алтернатива предводена од Африм Гаши вчера и официјално доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе дејствуваат како претставници на новата партија, со што Гаши, Неџбедин Каремани и Реџеп Мемеди ќе бидат пратеници на Алтернатива и со ова престанува да постои пратеничката група на Беса.

Од Алтернатива информираат дека засега нивните пратеници ќе дејствуваат како претставници на партија, но не ја исклучуваат можноста да формираат пратеничка група евентуално со двајцата пратеници на ДПА.

Сега засега не планираме да формираме пратеничка група со други пратеници. Нашите пратеници ќе ја претставуваат само својата политичка партија. Во иднина тоа може да се промени, изјави за Плусинфо Орхан Муртезани, портпарол на Алтерантива.