Македонија 23. јули 2018. / 22:41

Пратениците едногласно и без дискусија ја утврдија листата за ДИК и му ја пратија на Џафери

Едногласно и без дискусија пратениците на Комисијата за избори и именувања ја утврдија листата со 47 пријавени кандидати за членови на ДИК и му ја испратија на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери треба листата да им ја достави на партиите и тие да ги предложат своите членови. Потоа, Комисијата повторно ќе заседава и ќе ги констатира седумтте кандидати за членови на ДИК.