Во Собранието денеска ќе се одржи работна средба на пратеници за пренесување искуства од САД за законодавни инструменти за борба против корупцијата и етиката на избрани и именувани лица на централно и локално ниво.
Поздравно обраќање ќе имаат Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, и Овен Паун, резидентен директор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Илина Мангова, заменик-директорка на ИРИ.
Како што е најавено, на работната средба ќе бидат пренесени искуства од студиската посета од САД „Законодавни алатки за борба против корупцијата за подобрување на економскиот развој“.
Се очекува да говорат Мисовски, Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, Лилјана Кузмановска, претседателка на Комисијата за финансирање и буџет, како и Марија Саздевски Вангеловски, менаџерка на програма на ИРИ.