Македонија 19. февруари 2018. / 15:06

Позната казната за Ивона Талевска

Позната казната за Ивона Талевска

Две години условна казна доби уредничката од ТВ Сител, Ивона Талевска. Таа денеска призна вина за случајот „Тифани“ во којшто е обвинета за даночно затајување. Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета.

Судијката Лаличиќ рече дека со оглед на примерното поведение на обвинетата и фактот што досега не сторила кривично дело и се одредува условна казна.

Дополнително, таа треба да ги врати парите од затаениот данок, плус трошоците за вештачењето и споредни трошоци во рок од 30 дена.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.