Македонија 15. мај 2020. / 14:44

Позитивно на корона тест едно лице вработено во битолска градинка

Позитивно на корона тест едно лице вработено во битолска градинка

Од вкупно 225 направени тестови во рамки на скринингот на градинките, кај едно лице е регистриран позитивен резултат. Се работи за вработен во една од битолските градинки, а тестирањето е извршено од страна на Институтот за јавно здравје. Инаку, во Битола се тестирани 135 лица.

Преку МАНУ се тестирани 90 вработени во скопските градинки и сите биле негативни.

Скринингот на вработените во градинките продолжува, притоа 2.000 воспитачки, негователки и други вработени со земање микробиолошки брис од носот и грлото се проверуваат дали се заразени со ковид-19.

Отварање на градинките се планира за почетокот на јуни, доколку со проверката не бидат откриени повеќе инфицирани лица