Водата со канабис која што кон крајот на минатата година се најде во продажба на рафтовите во маркетите во земјава и стана хит помеѓу тинејџерите е повлечена од продажба, пишува Фокус.
Агенцијата за храна и ветеринарство преку инспекциски служби му наложила на производителот, компанијата Кодинг – Горска да го отповика и повлече производот ,,Горска + Релкс” по претставка од граѓанин.
Претставката е основана. Овој производ не добил никаков вид на одобрување од Агенцијата за храна и ветеринарство. Означувањето, презентирањето и претставувањето на производот не се усогласени со законските прописи и се сметаат за измамнички кон потрошувачите. Исто така, операторот го тргна од својата Фејсбук страница презентирањето и претставувањето на овој производ информираат од Агенцијата.
Инаку, во описот од страна на операторот, беше наведено дека производот е висококвалитетна функционална вода која содржи канабис, истакнувајќи медицински придобивки.
,,Фокус” во декември минатата година пишуваше за популарниот производ, вода во пластични шишиња од 0,75 литри, со етикета на која пишува Горска +Релакс, вкус на грејпфрут, канабис, и се продаваше по цена од 50 до 55 денари. Во составот, покрај вода, арома и витамини, наведено беше дека има и екстракт од семе од коноп.
Истакната беше препорака да се чува на ладно и темно место, но околу тоа кои се придобивките од консумирањето на производот и дали евентуално може да предизвика штетни последици, со оглед на тоа што без проблем го купуваат и деца, немаше никакви податоци на етикетата.
Целиот текст на Фокус можете да го прочитате ТУКА.