Македонија 18. мај 2018. / 11:06

Повик за аудиција за новиот игран филм на Манчевски – „Врба“

Повик за аудиција за новиот игран филм на Манчевски – „Врба“

Продукцијата „Сектор филм“ и режисерот Милчо Манчевски повикуваат студентки и студенти на наставните програми по актерска игра на аудиција за неговиот нов игран филм „Врба“.

– Доколку сте на возраст од 18 до 32 години и актерството ви е остварена или планирана професија, ве молиме да нѐ контактирате на: [email protected] за да ви доставиме дополнителни информации за аудицијата. За актерките и актерите од другите возрасти ќе објавиме повик во текот на следниот месец, соопшти продукцијата.