Македонија 02. јуни 2020. / 14:23

Повеќе од 60 нови заразени со Ковид-19, еден починат

Повеќе од 60 нови заразени со Ковид-19, еден починат

Повеќе од 60 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во државава, а еден пациент е починат, информират за МИА од Институтот за јавно здравје.

Оттаму посочуваат дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.

Повеќе информации за состојбата со Ковид-19 во земјава се очекува да соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 15 часот.