Денеска и јас направив коронатест и резултатот е негативен, изјави потпретседателот на СДСМ Коста Петров во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Во четвртокот имаше состанок на потесното патиско раководство со членови и од службата за комуникации.
„По епидемиолошката анкета, препорачано му е на Марјан Забрчанец да оди во самоизолација затоа што во текот на состанокот седел најблиску до Мухамед Зекири, кој вчера доби позитивен резултат на коронавирус“, вели тој.
Петров рече дека на состанокот биле почитувани сите мерки кои ги наложуваат протоколите.