Во текст на Нова Македонија поврзан со предизвиците со кои се соочува образованието во нашата земја, се наведува дека според Бирото за развој на образованието, учениците одлично ги усвојуваат знаењата на дистанца и остваруваат подобри резултати при онлајн-настава.
Оваа учебна година за најголем број од учениците во државата наставата започна од дома. Дали има промена во оценувањето и каков е ефектот од новиот начин на оценување на далечина? Дали оценките се објективни и со какви тешкотии се соочуваат наставниците и учениците? На овие прашања одговор побаравме од Бирото за развој на образованието (БРО), иако има наставници што сметаат дека оценките од ова полугодие треба да бидат поништени, зашто, според нив, тие не се ниту реални ниту пожелни.
– Оценувањето ги вклучува резултатите добиени со постојано следење и вреднување на работата на учениците. Во наставата од далечина не треба да се стави акцент на научените факти, туку на начинот на пребарување и наоѓање и на начинот на избирање релевантни извори на информации, нивното споредување, анализирање и вреднување на информациите, и како врз основа на тоа се донесуваат заклучоци и како се формираат ставови. На овој начин се вреднуваат и оценуваат посложените когнитивни процеси, а тоа ги поттикнува учениците за поголем ангажман и повисоки постигања, објаснуваат од Бирото за Нова Македонија.
Целиот текст можете да го прочитате на Нова Македонија