Македонија 26. ноември 2020. / 11:46

Поставени шатори за ковид-пациенти пред струмичката болница

Поставени шатори за ковид-пациенти пред струмичката болница

Општинската организација на Црвен крст Струмица, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, постави два шатори пред Инфективното одделение во струмичката болница за пациенти кои се позитивни или суспектни на коронавирусот.

Шаторите се поставени со цел граѓаните и пациентите кои имаат потреба од лекување на ова одделение за време на зимскиот период да чекаат заштитени од временските неприлики, а воедно да се зачува и социјалната дистанца на лица позитивни и суспектни на вирусот Ковид-19, велат од струмичкиот Црвен крст.

Оттаму додаваат дека и оваа активност е дел од вкупните активности на организацијата за превенција и справување со пандемијата од вирусот.