Македонија

Поставен камен темелник за граничниот премин „Белановце – Станчиќ”

Поставен камен темелник за граничниот премин „Белановце – Станчиќ”

Со поставување камен темелник денеска ќе почне изградбата на заедничкиот граничен премин меѓу Македонија и Косово „Белановце – Станчиќ”.

На церемонијата се најавени обраѓања на македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај и амбасадорите на Европската Унија во Македонија и Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова.

Граничниот премин, што се гради со финансии од ИПА програмата на ЕУ, се очекува да ја олесни соработката меѓу двете држави, да придонесе за посигурни граници и за социјалниот и економскиот развој на граничната област, вклучувајќи ја и зголемената интеракција меѓу луѓето.

МИА