Македонија 28. декември 2018. / 18:17

Последниот викенд од оваа година Мијалков ќе го помине во Шутка

Последниот викенд од оваа година Мијалков ќе го помине во Шутка

Екс директорот на УБК Сашо Мијалков останува и викендов во Шутка.

Попладнево од Шутка по речиси два месеца излегоа и Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски обвинети во Титаник, но и Зорица Арсовска и Ненад Јосифовиќ осомничени во Империја.

Со нив барем за сега заврши низата на укинати притвори на предлог на СЈО која започна вчера со бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски.