Започна повикот за протестниот собир на студенти и универзитетски професори кој ке се одржи на 16.04.2018 година во 18:00 часот на плоштадот “Магнолија” во Битола.
Имено неодамна се одржа масовен протест на млади и студенти во универзитетскиот град, Штип. Повод и мотивот на младите да кренат глас е водењето на политики на владата за разнебитување кое и се случува на Македомнија преку изгласување на неуставен Закон за јазици и преку нетранспарентоното водење на преговорите за името на државата.
Веднаш после градот Штип, повикот за нов протест на млади го најавија неколку студенти кои на мирен начин влегоа на наставата на Факултетот за биотехнички науки во Битола. Како што посочија, без да ја реметат наставата со погрдни зборови и без намера да го упропастат образовниот ритам, ги повикаа сите млади и студенти да се приклучат во борбата за креирање на иднината на младите во Македонија.
-Ние не спиеме по ходници, не реметиме настава со погрдни зборови. Не дојдовме да го упропастиме образовниот ритам ниту имаме нешто против просветните работници. Напротив, ние ги повикуваме сите да ни се приклучат, затоа што сметаме дека никој нема право да преговара во наше име за промена на нашето државно име и нашиот идентитет, никој нема право во наше име да воведува двојазичност на целата територија на Република Македонија и да спроведува референдум за уставни промени. Но, она што го видовме во факултетите беше страв кај професорите, кои со молба до нас доаѓаа да не ги објавуваме видеата, со молба доаѓаа и вработените да не ги лепиме плакатите затоа што му висела работата, деканите се јавуваа со прашања од типот како сме смееле, а секако знаат дека ние студентите, ние младите иднината на нашата држава смееме да се организираме и да размислуваме за подобро Македонско утре, а не за странско утре.Е баш затоа ние младите на 16.04 Понеделник во 18 часот ќе излезиме на плоштад Магнолија – Битола ќе се организираме и со студентски собир ќе испратиме порака дека повеќе вака не оди искана еден од организаторите на протестот на наставата на Факултетот за биотехнички науки во Битола.
Во Прилог следува видео од повикот на младите: