Македонија 25. април 2018. / 21:34

Портпаролот на Владата: Заев не успеа да го дочека чочекот

Портпаролот на Владата: Заев не успеа да го дочека чочекот

Портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски вели дека премиерот и делегацијата на ЕУ заминале пред вработените во Актор да се развеселат и да заиграат чочек во тунелот, пренесува Република.

„Официјалниот настан беше организиран од Делегацијата на ЕУ (ДЕУ) во нашата земја и од Министерството за транспорт и врски (МТВ), на кој покрај премиерот, беа поканети и висока владина делегација, директорот на DG NEAR, дипломатскиот кор, а во официјална посета беше и грчкиот министер за транспорт и врски. Во ниту еден дел од официјалното сценариото не постои таков тип на одбележување какво што споменувате во вашето прашање. Таков настан не е организиран од официјалниот организатор”, вели Бошњаковски за Република.

Се поставува прашањето ако не било дел од официјалното сценарио зошто некои владини претставници со блех музика славеле во тунелот?