Македонија 30. ноември 2020. / 14:16

Портпаролката на ЗОО-Скопје: Место трошење пари за Нова година, помогнете им на тие што немаат!

Портпаролката на ЗОО-Скопје: Место трошење пари за Нова година, помогнете им на тие што немаат!

Годинава ќе немаме новогодишни прослави, ниту пак предновогодишни забави од фирми. Ајде тоа да го искористиме на вистински начин. Портпаролката на ЗОО-Скопје, Тина Мицковска предлага секој од нас буџетот планиран за прославување да го вложи во нешто што на друг ќе му донесе голема среќа.

– Да купиме пакетчиња за деца во социјален ризик, да подариме нешто што некое детенце многу го посакува, а немаат по дома средства да си дозволат. Заеднички да платиме кирија за бездомни лица, барем зимата да ја поминат дома. Да купиме пакети со храна и пијалоци и огрев за сиромашни семејства, да им платиме сметки за струја и вода на оние кои се во криза, да донираме за болни лица побрзо да закрепнат, да помогнеме на активистите и здруженијата финансиски за што повеќе бездомни животинки да бидат на топло во студените месеци. Така, пак, ќе има предновогодишна атмосфера, ќе има светлина, ќе има насмевки. Да пробаме секој да го направиме бар за момент среќен и спокоен во ова време невреме – вели Мицковска.