Македонија 08. јуни 2020. / 21:30

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули

Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули, а скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време.

Истовремено, директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, изјави дека по пауза од три дена, продолжил скринигот на вработените во градинките во главниот град.

Поради растот на случаите со Ковид-19 повеќе се посветивме на случаите кои беа поургентни и лица со хронични болести и што побрзо откривање на нивните резултати кои на крај испаднаа позитивни – изјави Зибери.

Треба да бидат тестирани околу 2.000 лица вработени во градинките, а досега се тестирани 1.667, како и 545 вработени од домовите за стари лица.