Македонија 03. септември 2019. / 12:03

„Порно“ наставничка избркана од Куманово работела во скопско основно училиште

„Порно“ наставничка избркана од Куманово работела во скопско основно училиште

Во основното учичиште „Лазо Ангеловски“ од скопската населба Аеродром „порно“ учителка која била избркана од училиште во Куманово поради експлицитни фотографии на Фејсбук, веќе една година работела како замена во училиштето, а родителите велат дека оваа вест е вистински шок за нив пред почетокот на учебната година, пишува Слободен Печат.

Учителката е избркана од училиштето во Куманово заради објавување на експлицитни фотографии и видеа. Изгуглајте – Учителката од Куманово – вака гласи пораката од анонимен испраќач со која биле алармирани родителите на децата од основното училиште.

Загрижените родители се обратиле до директорот на училиштето, Перо Арсеновски, а тој им одговорил дека нема време да се занимава со тоа.

-Откако не наишле на разбирање кај Арсеновски, родителите веднаш се упатиле во Општина Аеродром, каде барале средба со градоначалникот Златко Марин, наведува Алфа телевизија.

Додека биле во исчекување дали педагогот на паралелката во скопското основно училиште ќе биде заменет со нов, еден од родителите дознал дека децата имаат нова наставничка која во краток период била известена дека ќе го преземе раководството на одделението.