Активностите за припреми на пописот се во завршна фаза, се вршат едукации за тој да се спроведе прецизно и според протоколите за заштита од коронавирусот. Но, поранешниот прв човек на Државниот завод за статистика, во изјава за Канал 5 вели дека најпаметно би било пописот да се одложи.
На неполни 20 дена од почетокот на пописот бројот на новозаразени од коронавирусот во земјава е во постојан пораст, па доколку продолжи ваквата ситуација можеби е најпаметно да дојде до одложување на пописот, смета поранешниот директор на ДЗС, Дончо Герасимовски, кој учестувал во четири пописни циклуси. Тој вели се е во рацете на комисијата за заразни болести, која доколку процени дека е ризично да се оддржи да даде предлог до кризниот штаб и Владата за одложување на пописот.
-Надлежна за сите овие активности е Комисијата за заразни болести која што треба да има во предвид што се случува, какви се појавите и што се очекува во иднина. Доколку се зголемува бројот на новозаразени и починати, секако веројатно ќе следи една препорака од комисијата за заразни болести преку кризниот штаб да владата донесе одлука заклучот со предлог до собранието за одложување или не на пописот, истакна Дончо Герасимовски.
Активностите за припреми на пописот се во завршна фаза, се вршат едукации за тој да се спроведе прецизно и според протоколите за заштита од коронавирусот. На прашањето дали граѓаните со оглед на ситуацијата ќе стравуваат да отворат врата на попишувачите, Герасимовски вели дека законот мора да се почитува.
-Пописот на овој на начин на кој што ќе се спроведува, со еден т.н. комбиниран начин на попишување, каде што попишувачот оди во домаќинството и релативно кратко се задржува почитувајќи ги сите препораки на комисијата за заразни болести, Дончо Герасимовски.
ДЗС ги отфрли шпекулациите дека бара одложување на пописот поради пандемиската состојба, од таму велат дека подготовките за теренските пописни активности се одвиваат забрзано. Опозицијата и натаму бара одложување, велејќи дека фокусот треба да биде целосно кон борбата со коронавирусот, па откако ќе се надмине да се продолжи со пописните активности.